Четворица Иранци осудени на смртна казна

Четворица Иранци се осудени на смртна казна за нивната улога во најголемиот банкарски скандал во земјата, соопштија тамошните државни медиуми. Случајот беше откриен во септември минатата година. Неколку директори на иранска инвестициона компанија фалсификувале документи со кои си подигнале кредити за да купат државни претпријатија. Судскиот процес против 39 осомничени почна во февруари. Освен смртните казни, двајца од осомничените се осудени на казна доживотен затвор, додека другите добија казни до 25 години затвор. Обвинетите имаат 20 дена да поднесат жалба.