Средба Бесими- Сервер во Скопје

Министерот за одбрана Фатмир Бесими денеска во Скопје се сретнал со Даниел Сервер, познат аналитичар, универзитетски професор и поранешен директор за Балканот во Институтот за мир во Вашингтон, Соединетите Американски Држави, соопштија од Министерството за одбрана. На средбата Бесими и Сервер размениле мислења за состојбата во регионот и за процесот на интеграција на Македонија во НАТО и во Европската Унија. Во соопштението се вели дека двајцата соговорници констатирале дека забрзувањето на процесот на евроатлантска интеграција на земјите од регионот е единствена алтернатива за обезбедување долгорочен мир и стабилност.