Сириските трупи продолжуваат со офанзивата на Алепо

Сириските владини сили тргнале во нов копнен напад на градот Алепо. Тие ги напаѓаат деловите од градот кои се под контрола на бунтовниците. Силите лојални на претседателот Баша ал Асад пред два дена зопочнаа голема офанзива на Алепо, финсискиот центар на Сирија, притоа користејќи тешка артилерија и хеликоптери. Алепо се соочува со недостаток на храна и струја, јавува Би Би Си. Според нивните извештаи владините сили се далеку побројни од бунтовниците но тие се снаоѓаат водејќи улична герилска борба.