Киднапиран италијански дипломат во Јемен

Илустрација: Јемен.

Вооружени лица киднапираа италијански дипломат во Јемен, а стотина вооружени луѓе лојални на поранешниот претседател Али Абдула Салех упаднаа и накратко ја окупираа зградата на Министерството за внатрешни работи со барање да бидат вработени во полицијата. Италијанските власти соопштија дека киднапираниот дипломат бил задолжен за безбедносни прашања во амбасадата. Овие инциденти покажуваат дека превирањата во Јемен продолжуваат и покрај мировниот договор според кој Салех ја напушти власта по неколкумесечните протести против неговото 33-годишно владеење со земјата.