Црна Гора повика и Косово да се погрижи за бегалците

Бегалците сега се сместени во шатори.

Дирекоторот на црногорскиот завоз за бегалци и раселени лица ги повика властите во Косово и тие да се погрижат за бегалците кои неодамна во пожар ги загубија своите домови. Директорот Жељко Шофранац вели дека Косово „само декларативно“ се грижи за луѓето кои во Црна Гора избегаа во 1999 за време на бомбардирањето од стана на НАТО. Во минатонеделниот пожар изгореа 29 бараки во кои живее 150 семејства со околу 800 членови. Тие моментално се сместени во шатори, но бараат од црногорската влада да им најде трајно решение.