МВР пронашло поголемо количество на оружје и муниција

Архивска фотографија.

Поголема количество на оружје и муниција, пронашла полицијата во две акции спроведени во кумановското село Четирце и во скопското Патишка Река, соопшти МВР.
Во селото Четирце полицијата пронашла две противтенковски антимагнетни мини, рачни фрлачи-зоља, рачни бомби, кутии со куршуми за автоматска пушка, една автоматскa пушка. Полицијата за овој случај поднела кривични пријави против двајца луѓе за „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во вториот случај, Единицата за недозволена трговија со дрога и оружје при СВР Скопје, поднела кривична пријава против тројца луѓе од селото Патишка Река, поради постоење на основано сомнение дека сториле кривично дело „недозволено изработување, држење и тргување со оружје или распрскувачки материи“. Во акцијата на полицијата пронајдени се и одземени поголема количина на огнено оружје, муниција и маскирни униформи.