Нетанјаху- за справуање со Иран е потребна „силна и уверлива“ воена закана

Изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху.

Изралескиот премиер Бенјамин Нетанјаху изјави дека е потребна „силна и уверлива“ воена закана за да се спречи Иран да развива нуклеарно оружје. Тој изјави дека меѓународните санкции и другите дипломатски напори досега се покажа неуспешни во убедувањето на Иран да се откаже од својата нуклеарна програма. Нетанјаху ова го изјави по состанокот со американскиот републикански претседателски кандидат Мит Ромни во Ерусалим. Ромни по средбата изјави дека ќе поддржи евентулани воени напади од Израле врз Иран. Израел се сомнева дека Иран може да ја нападне еврејската држава.