Од поплави во Северна Кореја во јули загинале 88 луѓе

Речиси 90 луѓе загинале во поплави во Северна Кореја предизвикани од силните дождови, јави севернокорејската државна агенција. Според агенцијата од дождовите во јули загинале 88 луѓе, а 60 илјади останале без своите домови. Уништено се и околу 4.800 хектари обработливо земјиште. Северна Кореја ја очекува нов недостаток на храна, затоа што поплавите и дождовите во јули, дојдоа по големата суша што ја зафати земјата. Според податоците на ОН две-третини од 24 милиони жители на земјата се соочуваат со хроничен недостаток на храна.