Шевченко влегува во украинската политика

Украинската фудбалска ѕвезда Андриј Шевченко.

Украинската фудбалска ѕвезда Андриј Шевченко изјави дека го напушта фудбалот за да влезе во политика. Во соопштението објавено на интернет страницата на фудбалскиот клуб Динамо Киев се наведува:

„Веројатно сите ќе ве шокирам. Мојата иднина нема да биде поврзана со фудбалот на кој било начин... ќе биде поврзана со политиката. Се надевам на вашата поддршка.“

Тој додаде дека ќе и се придружи на про-бизнис партијата Напред Украина!, чија лидерка Наталија Королевска излезе од опозициската партија на затворената поранешна премиерка Јулија Тимошенко.

Шевченко се повлече од играњето фудбал по европското првенство од минатиот месец што се играше во неговата земја и во Полска. Кариерата ја почна во 90-тите години од минатиот век во Динамо Киев. Имаше импозантна кариера во Милан, потоа играше во Челзи пред повторно да се врати во Киев.