Сириската армија напаѓа во Алепо

Сириски бунтовници апсат полицајци откако зазедоа полициска станица во Алепо на 25 јули 2012 година.

Сириската армија наводно ја започнала очекуваната противофанзива против бунтовниците во Алепо. Сириската армија има распоредено огромни сили околу градот. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган вчера во Лондон рече дека не е можно „да се остане набљудувач“ на настаните во Алепо, втор најголем град во земјата и бизнис-центар на Сирија.