Во Алепо се очекува напад на сириските владини сили

Сирија - Алепо

Бунтовниците и граѓаните на вториот по големина град на Сирија Алепо се подготвуваат за, очекуваниот масивен напад на владините сили. Бунтовниците под контрола имаат половина од градот.
Владината авијација стрелела врз цели на бунтовниците додека копнените сили добиле засилување и се преструктуирале за напад.
Во меѓувреме, сирискиот парламентарец од Алепо денеска изјави дека пребегнал во Турција. Иклас ал Бадави изјави дека тоа го направил поради бруталноста и репресијата врз оние кои бараат минимум права.