Самарас денеска ќе се сретне со претставниците на „тројката“

Самарас - Баросо Атина 26 јули

Грчкиот премиер Андонис Самарас денеска ќе се сретне со претставниците на ЕК, ММФ и ЕЦБ кои треба да ги убеди дека Грција прави се што е во нејзина моќ за да ги исполни обврските од договорот за враќање на долгот, јави МИА од Атина.
Иако на денешната средба Самарас, меѓу другото, требаше на тројката да и го претстави планот за намалување на 11,5 милијарди евра во трошоците за наредните две години, по се изгледа дека, сепак, ќе даде само насоки затоа што Владата се уште ги нема одобрено мерките за штедење.
По вчерашниот состанок на министерот за финансии Јанис Стурнарас со тројката, висок претставник на ресорното Министерство соопшти дека „ниту едно прашање се уште не е затворено“.