Десетици држави членки на ОН против новиот договор за трговија со оружје

Новата нацрт верзија за договорот за трговија со оружје создаде коалиција од 80 земји во Обедитенетите Нации кои заеднички излегоа со соопштение во кое ја осудуваат драфт верзијата тврдејќи дека е премногу „мека“.Земјите го критикуваат нацрт договорот сметајќи дека е премногу тесен и недоволно прецизен.
Во соопштението не се наведени земјите членки на Советот за Безбедност како Кина, Русија, САД, Велика Британија или Франција.
Во меѓувреме невладини организации како Амнетси организејшн и сл, испратиле писмо до претседателот Барак Обама со кое браат да се вметнат измени уште во драфт верзијата.
Генералниот секретар на ОН Бан Ки – мун изрази загриженост дека со овој договор се покажува дека е постигнат „мал напредок“.