Опозициски протест во центарот на Москва

Опозициски активисти одржуваат протест во центарот на Москва под затегнати безбедносни мерки. Протестот е против „репресиите и полициското беззаконие“, велат организаторите. Демонстрантите бараат властите да престанат да ги гонат учесниците на анти-Путин протестот кој се одржа на 6-ти мај. Претходно денеска руската полиција уапси двајца активисти во врска со протестите на 6-ти мај. Четиринаесет други активисти веќе се соочуваат со обвиненија за нивната улога во таа демонстрација. На протестот во пресрет на инаугурацијата на Владимир Путин за претседател имаше судири меѓу полицијата и демонстрантите, а повеќе од 400 луѓе беа уапсени.