Сиријските бунтовници во битка за Дамаск и Алепо

Во двата најголеми сиријски града Дамаск и Алепо продолжуваат борбите меѓу бунтовниците и владините сили. Бунтовниците денеска соопштија дека, по еднонеделни борби, сега држеле под нивна контрола половина од градот Алепо. Новинските агенции наведуваат дека ова не може да биде потврдено од независни извори. Има и извештаи дека владини воени авиони вршеле напади врз предградијата на Алепо со цел да спречат да им дојде засилување на бунтовниците. Активисти јавуваат дека владините сили презеле офанзива и во некои делови на Дамаск.