Позицијата на НАТО за приемот на Македонија, непроменета

Позицијата на НАТО во врска со приемот на Македонија не е променета. Ова за новинската агенција МИА го потврдил висок претставник на Алијансата во Брисел. Според претставникот, чие име не се наведува, пресудата на Меѓународниот суд на правдата е за билатерално прашање меѓу Грција и Македонија и не влијае врз одлуката донесена од сојузниците на Самитот во Букурешт во 2008 година.