Бан Ки Мун во Сребреница

Генералниот секретар Бан Ки Мун во парламентот на БиХ, 25.07.2012.

Бан Ки Мун ќе биде првиот генерален секретар на Обединетите нации кој ќе ја посети Сребреница каде што во 1995 година силите на босанските срби извршија масакр врз околу 8 илјади муслимански мажи и деца. За безбедноста на овој град тогаш беа задолжени мировните сили на Обединетите нации. Вчера Бан Ки Мун одржа говор во босанскиот парламент, каде што призна дека Светската организација не ја исполни својата одговорност. Тој денеска истрча почесен круг на Олимпискиот стадион во Сараево градот домаќин на Зимските олимписки игри во 1984 година.