Претседателот на ЕК Баросо во Атина

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо

Претседателот на Европската комисија Жозе Мануел Баросо денеска е во Атина на разговори по зголемената загриженост за тоа дали Грција направила доволно за да ја добие следната транша од спасувачкиот финансиски пакет. Во Брисел е соопштено дека цел на неговата посета е размена на мислења за економската ситуација во Европа, со посебен осврт врз Грција. Во истовреме во Атина престојуваат и инспектори од Европската унија, ММФ и Европската централна банка за да го оценат напредокот на Грција во спроведувањето на програмата за реформи која беше одложена по двете гласања за пратеници во грчкиот парламент.