Грчка спортистка избркана од олимпијската репрезентација

Грчката спортистка Воула Папахристу беше избркана од олимписката репрезентација на Грција поради расистички коментари на социјалната мрежа Твитер. Хеленскиот олимписки комитет соопшти дека коментарите на Папахристу со кои ги навредила африканските олимпијци биле спротивни на олимпискиот дух. Спортистката се извини за како што рече невкусната шега. Инаку, олимписките игри во Лондон стартуваат утре.