Ештон и Тачи разговарале за дијалогот со Србија

Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон и премиерот на Косово Хашим Тачи.

Високата претставничка на Европската унија Кетрин Ештон и премиерот на Косово Хашим Тачи денеска во Брисел разговарале за нужноста од продолжување на дијалогот Приштина- Белград. Ештон истакнала дека тие разговори треба да се обноват што е можно поскоро, штом во Белград ќе стапи на должност новата влада. Ештон укажала и на важност двете страни во потполност да ги спроведат постигнатите договори, информираат од Кабинетот на Ештон.