Таџикистан заврши со воената операција во Бадакшан

Властите во Таџикистан соопштија дека завршиле со воената операција во
источната провинција Бадакшан. Претходно таџикистанската владата повика на четиричасовен прекин на огнот за да преговараат со другата страна која предизвикува непријателствата во автономната покраина. Душанбе рече дека нема да бидат казнети оние кои ќе го предадат оружјето и ќе се предадат. Најмалку 50 луѓе загинале од почетокот на конфликтот. Владата започна воена операција во регионот откако во саботата беше убиен генералот Абдуло Назаров. Според официјалните таџикистански извештаи најмалку 30 цивили биле застрелани од непознати снајперисти во главниот град на провинцијата. Од ОБСЕ изјазија загриженост за цивилните жртви.