Србите од Косово нема да соработуваат со Еулекс

Српските власти од северот од Косово, соопштија денеска дека нема да соработваат со Еулекс, затоа што Еулекс не е статусно неутрален. На состанокот меѓу раководството на општината Лепосавиќ и регионалниот координатор на Еулекс Џонатан Браунинг, српските претставници рекле дека нама да соработваат со Еукелс се додека тие не го вратат мандатот кој е во согласност со Резолуцијата на Советот за безбедност на ОН. Им предочивме дека мисијата на Еулекс е да се однесува согласно резолуцијата 1244, а не да се става на нечија страна.