Локализиран пожарот во Струмица

Архивска фотографија.

Пожарот кај месноста Два пата во Струмица кој избувна денеска во 12.40 часот е локализиран во 16.05 часот, информира Дирекцијата за заштита и спасување.
Во гаснењето биле ангажирани екипи на Територијалната противпожарна единица, ЈП Македонски шуми и на ЈП Комуналец. Интервенирале и авиони на Дирекцијата кои се повлечени од местото по локализирањето на пожарот.
На терен дежураат контролни екипи.
Локацијата „Два пата“ кај Струмица е блиску до местото каде што пред два дена во огнена стихија беа повредени 14 лица, од кои две починаа.