Палестинската економија недоволно силна за осамостојување

Светската банка соопшти дека палестинската економија се уште не е доволно силна за поддршка на една суверена држава. Во извештајот, објавен денеска во Рамалах стои дека економијата останува премногу зависна од странска помош за да може да функционира самостојно. Извештајот доаѓа во време кога палестинските власти се соочуваат со најлоша финансиска криза од своето формирање во 1994 година. Саудиска Арабија минатата недела вети итна помош од 100 милиони долари откако палестинскиот претседател Махмуд Абас им беше во посета и апелираше за помош.