Северна Кореја- државната телевизија потврди лидерот е женет

Севернокорејската државна телевизија денеска потврди дека лидерот Ким Јонг Ун е оженет. Неговата сопруга се вика Ри Сол Ју. Телевизија објави дека Ким и неговата сопруга Ри учествувале на церемонијата по повод завршувањето на забавен парк во Пјонгјанг. Последните недели лидерот на Северна Кореја се појавуваше со мистериозна жена, што предизвика шпекулации дека му е сопруга. Државата не објавува детали за приватниот живот на лидерот.