Ако е потребно владата ќе интервенира да не поскапе лебот

Доколку има потреба, Владата, преку обезбедување одредена количина македонска пченица од стоковните резерви, ќе интервенира за да се задоволат домашните потреби и да се спречи евентуално осцилирање на цената, а по тој основ и поскапувањето на лебот како финален производ, рече денеска министерот за земјоделство Љупчо Димовски.
Ако се почувствува одреден дисбаланс на пазарот, можно е укинување на владината мерка за условен увоз на странска пченица, додаде тој.
Според него, веќе увезените над 85.000 тони пченица заедно со планираниот домашен откуп, 150.000 тони од годинашната реколта, во целост ќе ги задоволат потребите.
На Македонија годишно и требаат околу 270.000 тони пченица. Државата е отсекогаш увозно зависна, купува по 100.000 до 120.000 тони.