Началникот на Генералштабот на Грција си поднесе оставка

Началникот на Генералштабот на копнената војска на Грција, Константинос Зјазјас денеска поднел неочекувана оставка и тоа пред состанокот на државниот врв посветен на одбраната. Според соопштението од војската, тој поднел оставка, „поради причини кои се однесуваат на етиката и достоинството, како и од лични причини“, притоа не прецизирајќи за што се работи. Тој на функцијата беше 9 месеци, односно го постави претходната влада. Денеска премиерот Андонис Самарас и најблиските негови соработници ќе разговараат за надворешната политика и за одбраната. На состанокот ќе се наименува и нов шеф на Генералштабот.