Црна Гора- бегалците од Косово бараат трајно сместување

Пожар во кампот за бегалци во Подгорица.

Неколку стотина Роми чии домови во кампот за бегалци во Подгорица, изгореа во пожар, протестираат пред владата на Црна Гора поради привременото сместување во шатори. Како што пренесуваат тамошните медиуми, тие извикувале дека сакаат станови, а не шатори.
Околу 800 ромски семејства, бегалци од Косово, во пожарот кој избувна вчера остана без покрив над глава. Тие се сместени во 90 шатори кои ги обезбеди Црвениот крст. Бегалците бараат постојано сместување, затоа како што велат веќе 13 години се привремено сместени. Црногорските власти велат дека работат на долгорочно решение.