Кривична пријава против подметнувачката на пожар во Струмица

Повредените во пожарот кај Струмица хоспитализирани во Градската болница во Скопје .

Полицијата в Струмица ќе поднесе кривична пријава за струмичанката Е.М. 24-годишна за предизивикување општа опасност во врска со пожарот кај Струмица во кој од 14 повредени, две лица го загубија животот.

Од полицијата велат дека таа пред два дена меѓу 11 и 12 часот на ул.„Бошко Буха“ во Струмица на околу 50 метри од последните куќи во кои живеела и девојката, таа запалила стари алишта кои биле непосредно под еден жбун, при што предизвикала пожар од поголеми размери.

За време на гасење на пожарот со изгореници се здобија 14 лица. Сите повредени беа пренесени во Медицинскиот центар во Струмица, а пет лица итно беа префрлени во Градската хируршка болница во Скопје поради висок степен на изгореници и акутно белодробно откажување и животна опасност.

Во текот на вчерашниот ден на повредите им подлегнаа двајца луѓе.