Турско-сириската граница останува отворена за бегалци

Турските власти ги уверија Обединетите нации дека границата со Сирија ќе биде затворена за комерцијалниот сообраќај, но дека ќе остане отворена за сириските бегалци.

„Добивме уверување дека границата останува отворена. Таа е затворена за целиот комерцијален сообраќај во двата правца, и тоа ни го соопшти турската влада“, изјави портпаролката на Високиот комесаријат на ОН за бегалци, Сибела Вилкс.

Повеќе од 43 илјади Сиријци престојуваат во осум бегалски кампови во Турција.

Претходно денеска турските власти соопштија дека како одговор на насилствата, граничните премини со Сирија за камиони се затворени, доколку не патуваат за трети земји.