Тепачка меѓу навивачи на „Железничар“ и „Марибор“ во Сараево

Сурири меѓу навивачи на фудбалските клубови „Железничар“ од Сараево и „Марибор“ од Словенија.

Двајца босански полициајци се повредени денеска при масовна тепачка меѓу навивачи на фудбалските клубови „Железничар“ од Сараево и „Марибор“ од Словенија во центарот на главниот град на Босна и Херцеговина, во пресрет не вечерашниот реванш натпревар меѓу двата тима во рамките на квалификациите за Лигата на шампионите.

По инцидентот, словенечките навивачи со полициска придружба се протерани од БиХ и се упатиле кон Словенија.

Според босанските медиуми, инцидентот се случил во едно кафуле во близина на сараевската Катедрала. Во тепачката покрај удари со раце, хулиганите на двата тима користеле и пепелници, шишиња и други тврди предмети што им се наоѓале при рака.

Очевидци тврдат дека инцидентот го предизвикале словенечките навивачи, кои додека седеле на терасата на кафулето ги извикувале имињата на Слободан Милошевиќ и Жељко Ражњатовиќ - Аркан и ја споменувале Сребреница во негативен контекст, на што реагирале група навивачи на „Железничар“ и ги нападнале гостите од Словенија.

При тепачката речиси целосно е демолирана терасата на кафулето, а искрешни се прозорците и инвентарот и на уште неколку околку угостителски објекти.

Во првиот натпревар меѓу двата тима одигран минатата недела во Марибор, домашната екипа славеше со 4:1