Бомбашот од Бургас се уште неидентфикуван

Премиерот на Бугарија денеска изјави дека бугарските власти се уште не се во можност да го потврдат идентитетот на бомбашот самоубиец кој уби пет израелски туристи и бугарски возач на автобус минатата недела. Бојко Борисов рече дека истражители ги провериле отпечатоците од прсти и примероци од ДНК на бомбаш самоубиец со базите на податоци низ целиот свет, но не можеле да најдат ништо. Премиерот на Бугарија изјави дека бомбашот самоубиец имал соучесници и можел да влезе во Бугарија од било која земја од Шенген зоната. Бугарските медиуми јавуваат дека полицијата истражува вмешаноста на уште две лица во експлозијата на автобус во Бургас.