Британија- осум обвинети за случајот со прислушкувањето

Руперт Мардок и Ребека Брукс.

Британското обвинителство соопшти дека осум луѓе вклучувајчи го и поранешниот портпарол на британскиот премиер Дејвид Камерон ќе бидат обвинети за телефонското прислушкување.
Освен поранешниот портпарол на Камерон Енди Коулсон, меѓу обвинетите е и поранешната извршна директорка на медиумската корпорација на Руперт Мардок, Ребека Брукс.
Коулсон беше уредник на „News od the World“ кој по скaндалот со прислушкувањето беше затворен. Вработените во весникот прислушкувале говорна пошта на славни личности и на жртви на злосторства за да приберат информации за нивниот таблоид.