Египет- Морси назначи премиер кој треба да формира влада

Претседателот на Египет Мохамед Морси.

Претседателот на Египет Мохамед Морси го именуваше поранешниот министер Хашам Кандил за нов премиер на Египет и му даде задача да формира кабинет. Назначување доаѓа на 25 дена откако Морси положи свечена заклетва како прв цивилен и слободно избран шеф на држава. Тој дојде на местото на Хосни Мубарак, кој беше симнат од власта минатата година. Кандил беше висок функционер во Министерството за наводнување се додека не беше назначен за министер во јули минатата година.