Бан Ки Мун во посета на Косово

Генералниот секретар на ОН Бан Ки Мун попладнево допатувал во Приштина и веднаш на аеродромот имал средба со претседателката на Косово Атифете Јахјага. По средбата со неа, тој ќе се разговара и со косовскиот премиер Хашим Тачи .При посетата на Косово Бан Ки Мун ќе се сретне и со меѓународните претставници. Тој балканската турнеја ја започна со посетата на Словенија, по што следеа Хрватска, Црна Гора, Србија, а вчерва Бан Ки Мун ќе пристигне во Македонија. Турнејата ја завршува со посетата на Босна и Херцеговина,.