Во Истанбул состанок за иранската нуклеарна програма

На денешната нова рунда преговори во Истанбул меѓу Иран и петте постојани членки на Советот за безбедност на Обединетите нации плус Германија главна тема е можноста за рестартирање на преговорите на повиско ниво. Претходните рунди не завршија со успех поради барањето на западните земји до Иран да го запре збогатувањето ураниум. Иран инсистира на ставот дека неговата нуклеарна програма не е за воени цели.