ЕУ подготвува евакуирање на своите државјани од Сирија

Европската унија е подготвена, преку Кипар да ги евакуира своите државјани од Сирија, доколку тоа биде неопходно, соопшти еврокомесарот за безбедност Сесилја Малмстрем, наведувајќи дека Унијата стекнала искуство во евакуирање на загрозените за време на судирите во Либан и Либија. Сепак, таа прецизира дека во моментов вниманието е свртено кон доставување помош за сиријците во бегалските кампови во соседните земји.