САД ги осудија нападите во Багдад

Вашингтон ја осуди серијата на престрелки и бомбашки напади во и околу Багдад при кои загинаа повеќе од 100 лица. Потпаролот на Стејт Департментот Викторија Нуланд изјави дека смртоносното насилство е вознемирувачко, особено бидејќи се случува во месец кога се слави на празникот Рамазан.
Околу 200 луѓе се повредени во нападите кои се случија во 13 градови низ Ирак.