Награда за ирански лекари на Светската конференција за СИДА

Од отварањето на Конференцијата.

Двајца ирански лекари ја добија наградата „Елизабет Тејлор“ на најголемата светска конференција за СИДА во Вашингтон. Двајцата браќа, Араш и Камир Алеи се наградени од Меѓународната организација за СИДА и од Фондацијата за истражувања за нивната работа во превенција од ХИВ и за нивните напори да ги штитат правата на луѓето со СИДА во Иран. Браќата поминале две години во затвор во Техеран поради обвиненија дека ја нарушуваат безбедноста на земјата. Повеќе од 20 илјади луѓе, меѓу кои научници, политичари, луѓе кои живеат со ХИВ и СИДА учествуваат на конференцијата која во Вашингтон се одржува од 22 до 27 јули.