Одбележана 40-годишнината од нападите на изралеските олимпијци во Минхен

Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог.

Претседателот на Меѓународниот Олимписки Комитет Жак Рог им одаде почит на 11-те израeлски спoртисти и тренери кои беа убиени од страна на палестински милитанти на Олимписките игри во Минхен во 1972-та година. Денеска во олимпиското село во Лондон беше одбележана 40-годишнината од нападите во Минхен со едноминутно молчење. Рог ги отфрли барањата да има едноминутно молчење за време на отворање на олимписките игри на 27 јули.

Во 1972-та за време на Олимпијадата во Минхен осум палестински вооружени лица влегоа во Олимпиското село и зедоа 11 заложници од израелскиот тим. Еден ден подоцна сите 11 заложници беа убиени. Германската полиција уби пет од милитантите во текот на неуспешниот обид за спасување.