ЕУ го активираше ебаргото за оружје за Сирија

Министрите за надворешни работи на земјите членки на Европската унија денеска одлучија да го спроведат веќе постоечкото ембаргото за оружје за Сирија.
Министрите, на состанокот во Брисел, го одобрија пакетот мерки и додадоа уште 27 сириски поединци и три компании на листата за санкции на Унијата. ЕУ забрани извоз на оружје во Сирија во мај минатата година, но до сега земјите-членки можеа да се одлучат дали да ги испитат товарите кои им биле сомнителни дека го прекршуваат ембаргото. Воениот арсенал на Сирија е главно со руско потекло, многу мал дел од оружјето потекнува од западните држави.