Италијанска фирма ќе инвестира милијарда долари на Северен Кавказ

Марио Монти

Италијанската градежна компанија Ризани де Ешер потпиша писмо на намери за инвестирање милијарда долари за развој на туризмот во рускиот северно – кавкаски регион. Договорот е потпишан на крајот од дво - дневната посета на италијанскиот премиер Марио Монти на Москва.
Оваа компанија има намера да вложува во развој на плажи и скијачки центри во немирните региони на Северна Осетија, Дагестан, Краснодар Краи и Адегија.