Холмс треба формално да биде обвинет за масакрот во Колорадо

Џејмс Холмс напаѓачот од Колорадо денеска ке се појави пред суд за формално да биде обвинет за масакрот во киното во Аурора во кој 12 лица загинаа а 38 беа повредени.
Во станот на Холмс, полицијата откри и компјутер од кој се бараат индиции за тоа како го планирал масакрот. Полицијата соопшти дека нема докази оти Холмс имал соучесници. Холмс беше уапсен по пукотницата на премиерата на новиот филм за Бетмен.
Илјадници луѓе се собраа во Аурора, Колорадо во знак на почест на жртвите на масакрот кој се случи во петокот во киното во овој град. Таму беше и американскиот претседател Барак Обама кој ги посети повредените во болницата во Аурора и роднините на 12 убиени лица.