Турција ја засилува воената моќ на границата со Сирија

Турција распореди воздушни проектили во близина на границата со Сирија со цел да ја зацврсти својата огнена моќ откако опозициските борци во Сирија запленија неколку гранични пунктови. Новинската агенција Анатолија јавува дека дека конвојот со проектили пристигнал во Мардин во југоисточна Турција и дека истите ќе им бидат префрлени на воени единици распоредени долж границата. Турската телевизија покажа најмалку пет возила во конвојот кои носат проектили за воздушна одбрана. До ова доаѓа откако Анкара го обвини Дамаск за соборувањето на турски воени авиони минатиот месец. Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган предупреди дека Анкара сега се однесува кон Сирија како "јасна и непосредна закана."