Израел- две самозапалувања на луѓе за една недела

Моше Силман-човекот кој се самозапали во знак на протест против нееднаквоста.

Израелската полиција соопшти дека денеска се самозапалил човек поради како што рекол „тешките времиња“. Ова е втор случај на самозапалување за една недела. Полицијата соопшти дека човекот кој се самозапалил бил во доцните четириесети и се запалил во близина на автобуска станица во областа Јехуд близу Тел Авив. Случајните минувачи се обиделе да го изгаснат огнот, а потоа човекот бил пренесен во болница со тешки изгореници. Човекот бил во спор со државата. Денешниот настан се случи неколку часа пред погребот на Моше Силман кој почина откако пред една недела се обиде да се самозапали во знак на протест против нееднаквоста.