На Багдад му се потребни уште 750 илјади нови станови

На Багдад му се потребни уште 750 илјади нови станови, изјави денеска претседателот на ирачката комисија за инвестиции Сами Ал-Араџи. Тој ги повика странските инвеститори да учествуваат во изградбата на Ирак. Ирачките власти си поставија цел во наредните години да изградат еден милион станови. Официјалните податоци говорат дека над 600 илјади луѓе немаат свои домови. Араџи ги повика и домашните и странските компании да поднесат понуди за првиот станбен комплекс кој ќе биде составен од 70 илјади станови и од 5.000 семејни куќи, детски игралишта, спортски терени, клинички и трговски центри. Комплексот треба да се гради во напуштената воена база Ал Рашид на југот на Багдад.