Ирачкиот огранок на Ал Каеда најавува нова фаза

Војници држат знаме на милитантите од Ал Каеда.

Од ирачкиот огранок на Ал Каеда соопштуваат дека ќе започнат со таргетирање на судии и обвинители и ќе се обидат да им помогнат на своите затвореници да излезат во ирачките затвори. Ваква порака беше објавена на повеќе џихад форуми. Во пораката се наведува дека тие ќе се обидат повторно да си ја повратат територијата која ја имале претходно и апелираат до сунитските племиња да им дадат поддршка и да испратат борци. Групата наведува дека е на почеток на нова фаза. Ирачките власти сметаат дека сега огранокот на Ал Каеда во Ирак е значително послаб отколку во 2006 и 2007 година кога беше многу силна организација.