Авганистан - татко си ги убил ќерките „поради чест“

Еден човек од јужниот дел на Авганистан си ги убил своите две ќерки тинејџерки кои се вратиле дома по 4 дена бегство. Едната девојка имала 15, а другата 16 години. Настанот се случил во Над Али област во провинцијата Хелманд. Портпаролот на полицијата рекол дека девојчињата избегале од дома со човек кој работел како преведувач за меѓународните сили во Хелманд. Полицијата трагала по нив и ги вратила дома. Таткото е уапсен. Така наречените убиствата поради чест се честа појава во Авганистан, а според авганистанскиот закон жената мора да оди во затвор ако избега од својот татко или маж.