Напаѓачот во Бургас веројатно имал соучесник

Осомничениот за нападот.

Аутопсијата на телото на напаѓачот во Бургас, наведува на тоа дека имал соучесник, јавува Франс прес. Истрагата ја споведува бугарската полиција и тајните служби на Бугарија, Израел и САД.

Физичките карактеристики кои ги даде патологот Галина Милева се разликуваат од описот на личноста која е осомничена дека се обидела да го изнајми автобусот вечерата пред нападот. Според зборовите на Милева, напаѓачот самоубиец бил белец, имал светли очи и густаа кафеава коса. А според очевидците, човекот кој сакал да го изнајми автобусот имал речиси избричена глава и „личел на Арап“.

Бугарскиот министер за внатрешни работи Цветан Цветанов изјави дека се претпоставува дека напаѓачот самоубиец е стар 36 години, а единствениот документ пронајден кај него е возачка дозвола од државата Мичиген во САД. Идентитетот на напаѓачот се уште не е утврден, но истрагата се надева дека наскоро и тоа ќе се реши бидејќи ДНК тестот е во тек.

Во експлозијата на 18 јули на аеродромот во бугарскиот град Бургас покрај напаѓачот, загинаа и пет израелски туристи и возачот на автобусот.