Бил Клинтон во посета на Атина

Поранешниот претседател на САД Бил Клинтон денеска ќе разговара со грчкиот премиер Андонис Самарас за странските инвестици во таа земја. Клинтон отпатува во Атина за да ја промовира „хеленската иницијатива“која ја покренаа бизнисмени со грчко потекло кои живеат во странство. Тие сакаат да помогнат со странски инвестиции на земјата погoдена од должничката криза.
Клинтон ќе се сретне и со министрите за надворeшни работи, за одбрана, финансии и развој, како и со грчки бизнисмени.